Триесет дена притвор за Боки 13 PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
вторник, 16 јули 2019
pritvor1w.jpgСудија на претходна постапка одреди мерка притвор од 30 дена за Бојан Јовановски-Боки 13 и Зоран Милевски-Кичеец, осомничени за примање поткуп и перење пари во истрага на Обвинителството за организиран криминал и корупција. Двајцата вечерва со полициска придружба беа спроведени во затворот во Шутка.

„По произнесување на спроведените лица и ценење на фактите и доказите приложени во предлогот на Обвинителството, судија на претходна постапка го прифати предлогот на Обвинителството и донесе решенија со кои на двете лица им определи мерка притвор во траење од 30 дена со оглед да смета дека се исполнети условите од член 165 ст. 1 точки 1,2 и 3 од ЗКП. Против овие решенија странките имаат право на жалба до Кривичниот совет“, се вели во соопштението на Кривичен суд.

Јовановски и Милевски вчера без уапсени како осомничени за кривичното дело Примање награда за противзаконито влијание, а Боки 13 е осомничен и за кривичното дело Перење пари. Двајцата осомничени тргувале со влијание и убедувале луѓе кои се дел од истражна постапка, дека се моќни кај јавен обвинител. Јовановски од лицето под истрага, кое во оваа истрага е сведок, побарал 8 милиони евра, за да се запре кривичната постапка против него. Од сведокот добил 1,5 милиони евра, а останатите побарани пари требало да ги добие на месечни рати.

Обвинителството за организиран криминал вечерва ѝ одзеде мобилен телефон на специјалната обвинителка Катица Јанева, за информации во врска истрагата. Јанева денеска депонираше оставка.

На денешната прес-конференцијата обвинителите Вилма Рускоска и Љубомир Јовевски не сакаа да кажат за кој јавен обвинител станува збор во случајот, односно чии име се употребувало за да се изнудат пари. Рекоа дека за него не се води постапка, но доколку имаат дополнителни докази истрагата ќе се прошири.

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive