Заев:Нема да има предвремени избори PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
понеделник, 15 јули 2019
predvremeni1q.jpgПредвремени парламентарни избори како што бара опозициската ВМРО-ДПМНЕ нема да има, кажа денеска премиерот Зоран Заев,пишува најчитаниот македонски сајт Сакам да кажам

Одговарајќи на новинарско прашање како ќе одговори на барањето на опозицијата за предвремени избор, тој рече дека сега е време за економски резултати, а доколку се оди на брзи, предвремени избори тие нема да бидат возможни.

„Останувам на ставот дека треба да одиме на редовни избори. Брзи предвремени избори видовме до каде ја донесоа државата заради политички консултации. Ако требаше да се оди на предвремени парламентарни избори, ќе ги распишевме заедно со претседателски избори. Редовни избори треба да има во декември 2020, јас немам проблем да бидат закажани во октомври догодина“, рече Заев.

На денешната прес-конференција во Владата, Заев ги повика на лидерска средба Христијан Мицкоски од ВМРО-ДПМНЕ, Али Ахмети од ДУИ и Зијадин Села од Алијанса на Албанците, што би се одржала во петок во Клубот на пратениците.

Тој рече дека на оваа лидерска средба сака да се разговара за спроведување на пописот, носење нов Изборен законик и носење на Законот за Јавно обвинителство со кој ќе се регулира и СЈО.

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive