Ноле по петти пат го освои Вимблдон PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
недела, 14 јули 2019
nole100v.jpgНовак Ѓоковиќ ја одбрани титулата на Вимблдон, откако во уште едно незаборавно финале со Роже Федерер славеше со 7:6, 1:6, 7:6, 4:6, 13:12.

Тоа е 16. гренд слем титула за српскиот тенисер, а петта на Вимблдон, од кои три освои во финален дуел со Федерер.

Пет часа и 65 гемови се играа во финалето, при што Ѓоковиќ ги доби сите три тај-брејка, од кои оној во петтиот сет за првпат се играше според новите правила по 12:12 во гемови.

„Ако ова не беше највозбудливото финале досега, тогаш секако спаѓа меѓу првите две-три. Играв против еден од најголемите играчи на сите времиња и, за жал, еден мораше да загуби, бидејќи и двајцата имавме шанси. Нереално ми е што успеав да се вратам откако Роже имаше две меч-топки. Роже е голема инспирација за играчите над 30 години, па така и за мене“, изјави Ѓоковиќ.

Со победата во финалето, Федерер, кој за неполн месец ќе наполни 38 години, ќе станеше најстар освојувач на гренд слем турнир во историјата.

„Ќе се обидам да го заборавам ова. Ова беше одличен и долг меч. Честитки за Новак, ова беше лудо“, кажа Федерер.

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive