Победничката на Вимблдон се гордее со влашкото ... PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
недела, 14 јули 2019
halep1ee.jpgВимблдонската шампионка во тенис Симона Халеп од Романија е Влаинка со потекло од Македонија, чии предци емигрирале од битолското село Маловишта. 27-годишната Халеп, која вчера ја освои својата прва титула на Вимблдон откако за помалку од еден час ја победи Серена Вилијамс во финалето, е истакната членка на влашката заедница во Романија која брои околу 200.000 жители.

Власите од Македонија и Грција масовно почнале да се селат во Романија  во дваетите години од минатиот век. Романија тогаш имала силен економски развој. Преселувањето продолжило и по  Втората светска војна во периодот 1946-1948. Градот Констанца на брегот на Црно Море од каде што е Халеп, е еден од најголемите влашки центри во земјата.

 

Во Романија Власите се викаат Македонски Аромани.

„Тие се најмоќните жители со потекло од Македонија. Силни се и почитувани од целата наша заедница. Не затоа што се богати, туку затоа што ги почитуваат и ги задржале традициите на македонските Власи и никогаш не отстапиле од нив. Влашкото ми е најсилното“, кажа тениската шампионка Халеп во едно интервју за романскиот спортски портал СПОРТС.РО.

Според нејзин пријател што го цитира порталот, влашките врски на Халеп се толку силни, што таа ќе ја следи семејната традиција и ќе се омажи за Влав, а не за Романец или за некого од друг дел на светот.

Според проценките, на Балканот во Македонија, Грција, Албанија, Србија и Бугарија живеат од 1.5 до 2 милиони Власи. Во Македонија Власите се малцинство со рамноправни права со мнозинската заедница, а македонските влашки центри се Крушево, Битола, Штип, Кочани, Струга и регионите околу овие градови.

Халеп стигна до титулата во Вимблдон со само еден загубен сет на целиот турнир.

„Ова беше мојот најдобар меч. Мајка ми отсекогаш сонувала за ова. Тој ден дојде и таа беше тука“, рече Халеп која лани славеше и на Ролан Гарос.

Последни измени ( недела, 14 јули 2019 )
 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive