Легендарниот Синиша Михајловиќ боледува од леукемија PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
сабота, 13 јули 2019
sinisha1q.jpgСрпската фудбалска легенда Синиша Михајловиќ објави дека ја прекинува тренерската кариера бидејќи боледува од леукемија.

Весникот „Кориере дела сера“ прв утрово објави дека 50-годишниот тренер на Болоња има сериозни здравствени проблеми, што тој го потврди на прес-конференција.

„Не ми е страв, ќе го победам и овој предизвик, без сомнение“, изјави Михајловиќ.

Михајловиќ, кој 14 години играше во Серија А и потоа како тренер водеше неколку клубови, изјави дека веднаш заминува на лекување.

„Тестовите покажаа аномалии што ги немаше пред четири месеци. Не сакав да има шпекулации и решив јавно да ја кажам вистината. Да, имам леукемија, но ќе се соочам со тоа со крената глава и веднаш ја почнувам борбата за заздравување“, рече Михајловиќ.

Тој минатата сезона ја спаси Болоња од испаѓање од Серија А и неодамна го продолжи договорот. Од клубот му дадоа поддршка на Михајловиќ и кажаа дека тој официјално останува тренер.

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive