Заев:Жртва сум на мојата отвореност и достапност PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
вторник, 09 јули 2019
zaev3er.jpgПремиерот Зоран Заев кажа дека е жртва на сопствената отвореност и постојана достапност, откако ноќеска на Јутјуб беа објавени негови разговори со руските комичари Вован и Лексус, кои го измамија дека зборува со поранешниот украински претседател Петро Порошенко и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг,пишува најчитаниот македонски сајт Сакам да кажам

„Жртва сум на мојата отвореност и мојата постојана достапност. На отворена линија сум секогаш со нашите стратешки партнери и граѓаните“, рече Заев на прес-конференција во Владата,

За телефонските разговори со руските комичари, Заев вели дека станува збор за добро организирани структури за ширење влијание на трети страни и дека провокациите доаѓаат од медиуми со антинато ставови. Тој потсети дека не е прва жртва на руската двојка.

Заев најави дека Владата набрзо ќе излезе со итен план против специјалната акција за ширење дезинформации.

За содржината на разговорите, Заев вели дека нема ништо спорно, бидејќи тоа што го зборува се негови познати ставови. Рече и дека во дел од објавените разговори се извршени интервенции и се ставени во контекст да се извлечат погрешни заклучоци.

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive