Легендарниот "Комодоре 64" се враќа на пазарот PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
петок, 05 јули 2019
komodore1q.jpg„Комодоре 64“, најпродаваниот компјутер во историјата и еден од симболите на 1980-ите, се враќа на пазарот, но во помодерно издание.

Едноставно наречен „ТХЕЦ64“, тој ќе содржи современа технологија, а ќе го задржи стариот дизајн, објави производителот „Ретро гејмс“. Неговата цена ќе биде 199,99 долари кога ќе се појави на пазарот во почетокот на декември.

Обновениот компјутер ќе има ретро тастатура во оригинална големина, класичен џојстик и селекција на добро познати видеоигри, како „Speedball“ и „Cyberdyne Warrior“. Ќе има и УСБ конекција за да можат да се инсталираат и други игри.

„Комодоре 64“ се појави во 1982 година по цена од 595 долари. Тој беше прв компјутер во милиони домови и имаше меморија од само 64 килобајти, што денес е рамно на еден долг мејл. Се продаде во повеќе од 17 милиони примероци и своевремено имаше место во Гинисова книга на рекорди како најпродаван модел на компјутер.

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive