Охрид во Баку не е прогласен за загрозено... PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
петок, 05 јули 2019
lagad400l.jpgУНЕСКО ѝ даде рок на Општина Охрид до февруари наредната година да ги спроведе препораките за заштита на природни богатства. На седницата на Комитетот на УНЕСКО која се одржа во Баку, Азербејџан, Охрид не беше прогласен за загрозено подрачје, но на властите им е даден рок да го исполнат барањата односно да прогласат мораториум на секакви урбани трансформации на брегот на езерото, но и на каква било урбана трансформација.

„Власта до 1 февруари 2020 година да поднесе до Комитетот за светско наследство нов извештај за зачувување на имотот, кој ќе биде разгледуван од Комитетот за светско наследство на 44-та сесија во 2020 година. Доколку се утврди опасност на нејзината универзална вредност, ќе се вметне во листата на Светско наследство во опасност“, беше заклучокот на Комитетот на УНЕСКО за Охрид на вчерашната сесија во Баку.

Општина Охрид досега исполни само две од препораките на УНЕСКО односно направи Регистар на нелегални градби и ги отстрани палмите од кејот во центарот на градот. Мораториум уште не е воведен.

Регистарот покажа дека во Охрид има вкупно 1.076 дивоградби, од кои 409 се лоцирани во заштитен појас, односно на крајбрежјето на Охридското Езеро, во потегот на Националниот парк „Галичица” и во стариот дел на градот. Во рамки на оваа вкупна бројка, 82 предмети се однесуваат на урбана опрема, 16 се за времени објекти, 8 за плажи, 80 за куќи, апартмани и сместувачки капацитети, а останатите предмети се за помали интервенции и градежни зафати на објекти.

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive