Заврши "Вдиши театар",силна порака на театарот од Ужице PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
недела, 16 јуни 2019

porak1aa.jpgСо настапот на театарскаите групи на Црвен крст Ужице и Црвен крст Крагуевац на сцената на Центарот за култура „Григор Прличев“  и во предворјето на црквата „Св.Софија“ беа спуштени завесите на шестото  издание на Меѓународниот аматерски театарски фестивал „ВДИШИ ТЕАТАР“ кој во организација на Црвен крст Охрид од 12-16 јуни 2019 г. се одржа во Охрид.

Талентираните млади актери од Ужице ја изведоа претставата „БРЕ ШОУ“ со која на оригинален начин преку формат на телевизиски ток шоу (Talk Show) се подбиваат со денешните пореметени вредности-риалити програми, политика, лошата мизичка сцена, на овие простори и со луѓето и нивните креатори кои вешто ги користат за остварување на своите лични цели и интереси, а при тоа да манипулираат со широките народни маси кои се заслепени ов новонастанатите трендови и идеали.

Театарската група од Крагуевац ја изведе претставата „100 ЗА ЕДЕН“ преку која уште еднаш не потсети на трагичниот настан од втората светска војна кога фашистите на 20/21 октомври 1945 во Шумарице, Крагуевац  ги собраа обичните луѓе од улица, од пазар, од школа, од нива, од работните места за да ги стрелаат. Оттука и силна беше пораката што ја упатија младите од Крагуевац „ДОСТА Е НА СВЕТОТ ЕДНО ШУМАРИЦЕ“.porak1q.jpg

И оваа година Меѓународниот аматерски театарски фестивал „ВДИШИ ТЕАТАР“ ги исполна очекувањата на организаторот Црвен крст Охрид, а ценејќи според големиот  интерес, посетеноста и позитивните реакции и коментари на публиката, овој фестивал е светла точка во охридскиот културен простор.

Кога на тоа ќе се додаде и можноста која младите целосно ја иаскористија  да креираат театарската игра и да ја афирмираат својата талентираност и сплотеност без јазични, или било какви други бариери,  силните хумани пораки кои ги упатуваат преку театарските претстави, контактите и врските воспоставени со меѓусебното дружењето во овие четири дена, со право „ВДИШИ ТЕАТАР“ претставува препознатлив производ и во земјата и во странство, со кој Црвен крст Охрид се гордее.

Изразуваме искрена благодарност до учесниците на фестивалот, до публиката, до волонтерите и вработените во Црвен крст Охрид, до медиумите, до сите институции, фирми и поединци  кои го овозможија, поддржаа и помогнаа одржувањето на шестото издание на театарскиот фестивал „ВДИШИ ТЕАТАР“ 2019.porak2q.jpg

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive