Ливерпул ја шокираше Барселона PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
среда, 08 мај 2019
shok1q.jpgЛиверпул на сензационален начин ја елиминираше Барселона и се пласираше во своето деветто финале на Лигата на шампионите, откако во реваншот на „Енфилд“ славеше со 4:0. Со три гола негатива од првата средба и без повредените ударни напаѓачи Салах и Фирмино, Ливерпул се наоѓаше пред невозможна мисија и дури и тренерот Јирген Клоп не може да поверува што направиле неговите играчи.

„Целиот натпревар беше нешто посебно. Беше тешко да се победи, а вака без примен гол, не знам како им успеа. Ова многу ни значи на сите нас. Беше навистина посебно што сите заедно креиравме една таква емотивна атмосфера. Ова беше мешавина на потенцијал и неверојатно срце каква што досега немам видено. Многу убаво“, изјави Клоп.

Победата на Ливерпул му ја донесоа играчи кои ретко се прв план, откако по два гола постигнаа Вајналдум и Ориги, кој сезонава малку играше.

„Нашиот тим покажа дека во фудбалот сè е можно. По дуелот во Шпанија верувавме дека ова е можно, но не и луѓето околу нас“, кажа Вајналдум, кој влезе во игра во вториот дел место повредениот Робертсон.

Ова е првпат од 1986 година една екипа да успее да надмине дефицит од три гола во полуфиналето на ова натпреварување и тоа тогаш беше токму Барселона.

Финалето е на 1 јуни во Мадрид, кадешто Ливерпул ќе се сретне со подобриот од дуелот Ајакс-Тотенхем.

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive