Почнува претседателската кампања PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
понеделник, 01 април 2019
penddav1q.jpgПретседателската кампања официјално почнува денес.

Кандидатот на СДСМ и ДУИ Стево Пендаровски ќе ја започне кампањата со митинг во Прилеп. Кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска – Давкова тргнува од Охрид, а Блерим Река, кандидатот на Алијансата на Албанците и Беса првиот митинг ќе го одржи во Скопје.

Тројцата кандидати вчера во Државната изборна комисија (ДИК) потпишаа кодекс за фер кампања.

„Немам никакви дилеми дека ние тројцата ќе направиме се да останеме во рамки на една демократска борба каква што прилега на една држава што е де факто членка на НАТО и очекувам наскоро да стане и членка на ЕУ“, рече Пендаровски, потпишувајќи го кодексот.

„Соучесниците на изборите не ги сметам за непријатели, а нам жените не ни приличи да не ја почитуваме етиката. Иако сум жена очекувам витешка борба со аргументи, а не со византиски игри и се надевам дека последниот збор ќе го имаат граѓаните“, изјави  Силјановска – Давкова.

„Влегуваме во едно ново искушение за државата и мислам дека не е главно кој ќе победи, туку е важно резултатот да биде законски и регуларен и со тоа да обезбедиме датум за почеток на преговори со Европската унија“, рече Блерим Река.

Последни измени ( понеделник, 01 април 2019 )
 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive