Сите осудени за 27 април одат во Шутка PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
сабота, 16 март 2019
siteo1q.jpgПо над три часа од изрекувањето на 17-те пресуди за организираниот напад на Собранието на 27 април 2017 година, во вкупна висина од 211 години затвор, судијката Добрила Кацарска ги соопшти одлуките на советот со кој претседава, според кои сите осудени кои не беа во притвор, од овој момент заминуваат во Шутка,пренесува најчитаниот македонски сајт Сакам да кажам

Притвор им одреди на: Митко Пешов од МВР кој доби 15 години затвор, Душко Лазаров од МВР осуден на 15 години, Горан Ѓошевски Леви, поранешен шеф на обезбедувањето на Трајко Вељаноски осуден на 15 години, натаму Оливер Поповски од МВР осуден на 13 години, неговиот колега Оливер Радулов, на 10, Мунир Пепиќ од Агенцијата за разузнавање кој денес доби 15 години затвор. Мерките, советот со кој претседава Кацарска ги донесе на барање на Обвинителството за организиран криминал.

Абдуљфета Алими, кој доби 7 години затвор, исто така, доби притвор.

Во притвор до правосилност на пресудите и натаму остануваат напаѓачите со фантомки: Младен Додевски кој денес доби 12 години затвор, Јане Ченто кој доби 15 години, Горанче Анѓеловски 12 години, Игор Југ 12 години затвор, Влатко Трајковски кој беше осуден на 15 години, Вилијам Михајловски на 14, Никола Митревски Кољо на 15 и Александар Василевски Нинџа, кој доби најмалку од нив, 8 години затвор.

Судијката Добрила Кацарска за организираниот напад на Собранието на 27 април 2017 година, изрече само една ослободителна пресуда, на Игор Дурловски, еден од водачите на протестите За заедничка Македонија, кои беа против новото парламентарно мнозинство таа година, под водство на СДСМ.

 

 
< Претходно   Следно >

Спорт

Занимливости

Живот

Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    
Авто Вести

ОПШТИНА ОХРИД

msnastani.jpg

WEDDING

k shpanec.jpg

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

ВЕБ

Страдална седмица Воскресение Христово

Хардвер

Објавени спефикациите и цената за Sandy Bridge


sandybridge_thumb.jpgОбјавени спефикациите и цената за Sandy Bridge

На страниците на EXPreview објавени се спефикациите, цената и датумот кога ќе биде претставена новата генерација на процесори од Intel, Sandy Bridge.

Видео

ЛИТИЈА - ЕОРДИЈА ВО ЧЕСТ НА СВ. ГЕОРГИЈ ПОБЕДОНОСЕЦ СТРУГА

Иновации

Најнови технолошки чуда

robototlola.jpgНа тукушто завршениот Саем за наука и технологија во Хановер беа претставени многу интересни достигнувања. Роботот Лола, електромобилот, еколошкиот цемент, се само неколку од достигнувањата кои ја заинтересираат светската јавност.

Софтвер

Хардверски антивирус

kaspersky-antivirus.jpg
 Руската компанија за компјутерска безбедност Kaspersky,  патентираше хардверски вградено антивирусно решение. Антивирусниот систем базиран на вградени хардверски модули може да се користи за чистење на веќе заразени компјутерски систами, а користи надградба на својата антивирусна база независно од самиот систем.     Извор :Ентер

 

Видео

Последни Вести

Прв меѓународен фудбалски турнир "Охридски бисери"
biljanini33e.jpgЈП Билјанини Извори ја известува јавноста дека утре во 09 часот свечено ќе биде отворен првиот меѓународен турнир во фудбал "Охридски Бисери" генерација 2008/2009 и 2010. Натпреварите ќе се одиграат на терените на Спортско рекреативниот центар "Билјанини Извори" и тоа на 18 и 19 октомври со почеток од 9 часот и 30 минути.
Читај повеќе...
 
ВМРО-ДПМНЕ:Вработените во "Јасна Ристеска" останаа ...

zgrada12q.jpg-Жртви на неодговорното владеење и лагите на СДСМ се вработените во градинките.Дали за градоначалникот Константин Георгиески е во ред тоа што вработените во детската градинка ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ се уште не ги добиле своите плати?

Читај повеќе...
 
Скопјанец со плашливец влегол во златара во Охрид
kradec500a.jpgНа 16.10.2019 во 20.00 часот, полициски службеници од СВР Охрид на улица „Св.Климент Охридски“ во Охрид од слобода го лишија Х.С.(23) од Скопје. Тој, според претходно добиена пријава,  со пиштол на дијаболи во рацете влегол во три златари на истата улица. По целосно документирање на настанот и во консултација со Јавен обвинител СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава.


 
Средба со писателката Вера М. Самарјанин

samarjanin1e.jpgУтре, 18 октомври во 12 часот во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ќе се одржи средба со авторот Вера М. Самарјанин од Битола.

Читај повеќе...
 
Познати екипите за турнирот во баскет 3x3
izbrani1e.jpgДенес во просториите на ЈП Билјанини Извори пред присутните претставници на сите 14 екипи пријавени за 7-мо Ноемврискиот турнир во баскет 3x3 се одржа ждрепка за двете групи согласно договорениот формат на турнирот. Двете групи се состојат со по седум екипи и тоа : Група А - "Мт Интернационал, Кентерс", "Ликвид", "Органска Буковка", "Дентал Медика", "Коста 2 и Нова Ривиера". Група Б - "Алпојо", "Аквариус", "Леарница", "Коста 1"," Грини", "НОА и Попаџонс Лихнида".
Читај повеќе...
 
Охридскиот чинар прогласен за природна реткост

cinarotdenes1q.jpgОхридскиот чинар,стар околи 11 века,со одлука на Министерствот за животна средина прогласен за природан реткост.

Читај повеќе...
 
Кампања за помош на најсиромашните
plakata1w.jpgПо повод Светскиот Ден на борба против гладта, 16 октомври и Недела на борба против гладта (16-22 октомври), под мотото „ПОМИСЛЕТЕ И НА НАС”  Црвен крст Охрид од денес ја започнува кампањата за помош на најсиромашните наши сограѓани.
Читај повеќе...
 
Црвен крст:Извлекување на 50 награди за ...
izvlekuvanje1qq.jpgЗаблагодарувајќи се на сите оние кои што учествуваа, ја помогнаа и поддржаа овогодинешната хуманитарна и спортско-рекреативна акција на Црвен крст Охрид „ЗА ПОСРЕЌНО ДЕТСТВО“ информираме дека извлекувањето на добитниците на преку 50 награди ќе се изврши денес,  16.10.2019 година во 19:15 ч. Во соработка со Мега Продукција, извлекувањето на наградите ќе може да се следи во живо на следниот линк: https://www.youtube.com/watch?v=QThHkCR1B6o&feature=youtu.be
Читај повеќе...
 
Се креваше нелеглна урбана опрема по чаршијата
urbana1q.jpgОпштинските инспекциски служби заедно со екипи од ЈП „Охридски комуналец” и СВР Охрид, денес реализираа координирана акција за отстранување на нелегално поставената урбана опрема пред угостителските објекти во охридската чаршија.
Читај повеќе...
 
Конкурс за тема:"Еднакви сме сите"
crven8000.jpgВо рамки на активностите посветени на Неделата на грижа за стари лица 18 до 24 ноември 2019, како една исклучително хумана програмска определба, со посебен акцент на еднаквиот однос и вклученост на старите лица во општествените текови и потреби на заедницата, Клубот за грижа за стари лица при Црвен крст Охрид објавува литературен и ликовен конкурс на тема „Еднакви сме сите“.
Читај повеќе...
 

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive