Михаел Рот:Пример за мирно решавање на конфликти PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
четврток, 07 февруари 2019
germanska1we.jpgРешението на спорот со името меѓу Грција и Македонија е пример за мирно решавање на конфликти помеѓу европските партнери. Компромисот го отвора патот за пристапот на Северна Македонија. Сега и ЕУ мора да испорача напиша Државниот министер Михаел Рот за весникот ВЕЛТ, објавен на 4 февруари 2019 година на македонски јазик.

 

Кој до неодамна можеше да смета дека е можен договор за 27 годишниот спор за името меѓу поранешната југословенска Република Македонија, во иднина Република Северна Македонија, и Грција? Храбри, ангажирани политичари од двете страни со голем личен ангажман постигнаа нешто историско. Во меѓувреме и македонскиот и грчкиот парламент го усвоија Преспанскиот договор за решавање на спорот со името.

Дебатите што му претходеа на гласањето во Скопје и Атина беа контроверзни. Националните емоции беа бурни, се поттикнуваа стравови. Согласноста беше сѐ друго освен нешто што се подразбира. Храброста, далекувидоста и истрајноста на актерите што дејствуваа од двете страни го донесоа конечно пресвртот. За да го пресечат Гордиевиот јазол, премиерите Ципрас (/debatte/kommentare/article187261724/Alexis-Tsipras-Griechenlands-Premier-ploetzlich-im Olymp.html) и Заев ризикуваа многу политички и постигнаа многу за своите држави и целиот регион.

Решението на спорот со името е пример за мирно решавање на конфликти помеѓу европските партнери. Истовремено, историскиот компромис го отвора патот за евроатлантската интеграција на Северна Македонија. Во Договорот, Грција се обврзува на соседот повеќе да не му создава пречки на патот кон ЕУ и НАТО. Освен тоа, двете земји договорија конкретни чекори за помирување и потесна соработка.

 

За Скопје и понатаму да може да чекори по започнатиот реформски пат, ЕУ-перспективата за Македонците мора да остане на дофат и конкретна. Особено голем дел од младите копнеат по Европа. За пристапниот процес да биде веродостоен, потребни се секогаш две страни. И сега ЕУ мора да испорача. По успешни напори на земјите кои сакаат да се приклучат, мора да следи конкретен напредок во пристапниот процес. Од тие причини сега ЕУ мора брзо да започне пристапни преговори со Северна Македонија.

 

И денес, 20 години по крајот на крвавите граѓански војни во поранешна Југославија, состојбата во Западен Балкан е сѐ уште кревка. Организираниот криминал и корупција остануваат да бидат проблем. Сѐ уште неизлечените рани на минатото болат во колективното паметење и водат до тензии меѓу државите како и меѓу етничките и религиозните групи. Многу млади луѓе заминуваат во странство во потрага по подобра иднина. Можеби и поради тоа што ние во ЕУ станавме премногу малодушни.
Со оглед на големиот број кризи и социјални аномалии во делови од Европа, европскиот наратив изгуби од својата привлечна сила. Растечкото влијание на други држави на Западен Балкан – пред сѐ, Русија, Кина или Турција – сведочи и за нашата сопствена слабост.

Перспективата за приклучување кон ЕУ (politik/ausland/article1835580147Westbalkan-Nato-Mitgliedschaft-heisst-nicht-ewig-gegen-Russland-zu-sein.html) за земјите од Западен Балкан е огромна шанса – како и за ЕУ. Во наш исконски стратешки интерес е исто така таа шанса да се искористи паметно. Ако ЕУ потфрли на Балканот, во регион, кој историски, географски и културно ни е толку близок, како тогаш да бидеме сериозно сфатени како актер со амбиции на глобално ниво?
Привлечната сила на европскиот модел – демократија, слобода и правна држава поврзани со безбедност и благосостојба – сѐ уште постои на Западен Балкан. Со решението за спорот со името, Скопје ги постави вистинските смерници во правец на ЕУ и истовремено испрати јасна порака во регионот: национализмот и популизмот водат во ќорсокак.
Бидејќи „да“ за промена на името (/politik/ausland/article187715696/Namensstreit-zwischen-Mazedonien-und Griechenland-beigelegt.html) е исто така и „не“ за националистичките сили на Балканот. Во времиња, кога популизмот и национализмот го ставаат на стрес-тест европскиот модел, грчко-македонското помирување претставува вистински охрабрувач за остатокот од Европа: сплотени наместо поделени, дијалог и компромис наместо национални егоизми – на тоа може да се угледаат сите ЕУ-партнери.“

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive