Новинарот Џамтоски е ктитор на црква и удира камбана PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 1
ЛошОдличен 
понеделник, 07 јануари 2019

djamto301p.jpgОхридскиот новинар Томе Џамтоски стана ктитор на црквата Свети Тома во селото Лескоец кај Охрид и секоја недела ја удира камбаната со која ги повикува верниците да дојдат да с е помолат во верскиот објект.Од вкупни 365 цркви во охридско-струшко  само овој црковен објект е посветен на апостолот Св.Тома .

Џамтоски вели дека  се оваа црква се поврзал уште во 2000-та година,додека црквата била во изградба.

Со ова место и црква се поврзав уште во 2000-та година, додека црквата беше во изградба. Тогаш бев директор на Радио Охрид. Еден ден тројца жители од с.Лескоец побараа од мене една објава што се однесуваше на донации за црквата. Тогаш разбрав дека ова место за жителите на селото е свето (вакуфско) и дека според преданија тука имало црква посветена на Св.Тома и затоа местото од секогаш било познато под името Томчино место или само Томчино. Од тогаш секоја година задолжително на 19 октомври – Денот на светецот Св.Тома  и на Томина недела (секоја прва Недела по Велигден) јас сум во црквата. Се разбира и во други денови и пригоди. За овие, скоро две децении, развив искрени пријателства со жителите на с.Лескоец и секогаш стоеше идејата дека една година и јас треба да го преземам кумството (грижата) за цркваата,кажува Томе Џамтоски.djamto302p.jpg

Тој се зафатил да се грижи за црквата за периодот од април 2018 година до мај 2019 година.

Она што можам да го кажам за сите овие години, а посебно за изминативе 8 и пол месеци, е дека навистина посебно се чувствувам кога сум на овој простор. Длабокото чувството што го носев во себе дека треба една година да посветам на грижата за црквата и нејзиното одржување, започна оваа година на 15 април и ќе трае до 5 мај 2019 г.(Томина недела). Колку и да изгледа како излитена фраза, секогаш се водев од мислата дека, човек треба да знае да служи,  ( без притоа да бара било што за себе) за, ако посака некогаш да раководи ,да го прави тоа на вистинскиот начин.Јас секоја недела наутро во 8 часот ја отворам црквата за верницити и сите намерници,ја удирам камбаната  подготвен за секој добронамерник да подготвам кафе, чај или чашка ракија . Се разбира дека и за секој поголем христијански празник црквата секогаш е отворена. Деновите ги поминувам во разговори со луѓето кои ја посетуваат црквата, во уредување на дворот, довршување на некоии градежни работи ( деновиве изѕидавме оџак за трпезариската просторија ),а наскоро ќе го уредиме санитарниот јазол и ќе реновираме дел од трпезарискиот мебел, вели Џамтоски.

Нашиот соговорник има и еден силен повод да се грижи за оваа црква,да ја одржува,да доградува,да стане посакуван црковен објект.djamto300p.jpgdjamto303p.jpg

Она што е можеби најинтересно, е фактот што во градот со “365 цркви“ ова е единствена. Некако природно беше да бидам сега и во иднина дел од оваа приказна. Впрочем, мојот пра, пра дедо Марко Џамто, бил голем донатор во изградбата на црквата Св.Богородица во селото Долна Белица -Струга и прв нејзин епитроп (црковен намесник или застапник). Мојот второроден син го носи неговото име. Можеби тоа го носам како генетско памтење или  како меморија од прекрасните раскажувања од мојот покоен дедо Никола за нашето семејство. А, јас од секогаш сум бил човек кој верува деко ништо не е случајно и за се има причина, за нештата кои ни доаѓаат во животот”,раскажува Томе Џамтоски.

На ова место постоела мала капела, а денес е изградена убава црква, целата од бигор со осмострана купола и полукружна апсида. Источно од оваа црква на десетина метри,веднаш преку патот, се наоѓа капела посветена на преподобна “Св. Петка.

 

 

 

 

 

 

 

“... Од кога се помни во селово ова место е познато како Томчино место. Ние како деца постојано игравме на овој простор. Од постарите секогаш бевме предупредувани да не правиме непристојни работи, оти се знаеше од памтивек дека тоа е вакуфско место“....  потсетува Лазе Бакрески, жител на с.Лескоец.

 djamto304p.jpg

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Црквата "Св.Тома" е изградена во 2001 година, со помош на жителите на с.Лескоец, Охрид. Местоположбата пружа единствен поглед на Охрид, а целиот простор е погоден за најралични културни манифестации ( поетски рецитали, хорски настапи ...

djamto305p.jpgdjamto306p.jpg.

 

 

 

Последни измени ( понеделник, 07 јануари 2019 )
 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive