Пријава против полицаец од "Ќафасан" PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
петок, 21 ноември 2008
mvr2.jpg

Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди до ОЈО Струга, поднесе кривична пријава против А.Ж.(27), вработен во МВР на РМ-регионален Центар Запад, Полициска станица за Гранична контрола Ќафасан, за сторено кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластувањата”, предвидено и казниво почлен 353 став 1 од КЗ на РМ. Пријавениот на 06.09.2008 година работејќи на ГП „Ќафасан” како полициски службеник – оператор на пасошка контрола, дозволил излез од Р. Македонија на две лица кои патувале со патничко возило, без да изврши пасошка контрола и евидентирање на лицата и возилото во електронскиот систем за евиденција на лица кои остваруваат влез или излез од РМ.

 

На наведениот датум, околу 12.45 часот, на ГП „Ќафасан“, кога пријавениот полициски службеник, според интерниот распоред за работа, работел во кабината за пасошка контрола на излез од РМ, на македонските државјани Н.И. и И.М., не им извршил пасошка контрола, не им го заверил преминувањето на државната граница со печат во патните исправи, односно лицата и возилото со кое патувале (ПМВ „Голф“ со охридски регистерски ознаки), не ги внел во електронскот систем, со што овозможил наведените лица да извршат излез без да им биде извршена соодветна пасошка контрола и преглед на возилото. Инаку во возилото со кое што ја поминале државната граница, на територијата на Р. Албанија е откриено и одземено поголемо количество наркотична дрога „хероин“.

На ваков начин, осомничениот искористувајќи ја својата службена положба и овластувањата, пречекорувајќи ги границите на службеното овластување со неизвршување на службената должност, постапил спротивно на одредбите од чл.50 и 51 од Законот за надзор на државната граница, чл.175 и 176 од Правилникот за вршење на работите на МВР и инструктивната телеграма од 28.01.2008 година. покрај поднесената пријава, од страна на Секторот за внатрешна контрола, до непосредниот старешина на пријавениот, предложено е да се покрене иницијатива за поведување на постапка пред комисијата за отказ.

                     Извор:МВР

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive