Се откажал од Сент Тропе заради Охрид PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
петок, 29 февруари 2008
1.jpgКога пред речиси четири децении на охриѓанецот Ѓорѓи Бачев,сопственик на ресторан во Германија,му понудиле локација за угостителски објект во Сент Тропе,тој го одбил предлогот и купил плац во Лагадин за да изгради хотел.

                                                 1.jpg

                                                              Бачев со хрватскиот пејач Иво Робиќ  

Во почетокот на седумдесеттите години од минатиот век во Охрид дошол со два милиона тогашни германски марки,големи пари што ги посакувале и сопствениците на плацеви на азурниот брег во Франција.Набргу го изградил хотелот под име "Балкан ресторан",кој многумина го знаат како "Лагадин".Ѓорѓи Бачев починал во деведесеттите години разочаран од односот кон приватните угостители.

"Своето знаење го стекнуваше во странство.Во Париз заврши Висока угостителска школа,а во Германија отворил четири ресторани.И во главниот град на Франција имаше угостителски објект под закуп.Беше коктел-мајстор во вилата на легендарниот Жан Габен..Во Германија пак,каде што имаше свои ресторани угостителскиот занает го изучуваа и охриѓани кои сега се професори на Факултетот за туризам и организациони науки,сопственици на кафеани",кажува сопругата на Бачев,Даница Бачева.

Бачева кажува дека целото време додека го држел ресторанот во  Охрид нејзиниот сопруг имал бројни проблеми.Објектот бил затворан,гостите вознемирувани.Сeпак,"Балкан ресторан"станал место каде што  тогаш се организирале најубави забави во Македонија.Настапувале најпознати естрадни ѕвезди од тоа време,а гости биле и познати политичари од тогашниот македонски државен врв,странски туристи.

                                        4.jpg

                                                               Бачев со Здравко Чолиќ   

 

                                                 9.jpg

                                                    Во друштвото е и неизбежниот Џаро  

 

"Чести гости беа Ѓорѓе Марјановиќ,Здравко Чолиќ,Иво Робиќ,групата "Аски" и други познати имиња.Сите нив ги носеше  Велибор Џаровски-Џаро,кој беше добар пријател со мојот сопруг.На лето странците најмногу ги привлекуваше нашата национална кујна,иако нудевме и интернационални јадења.Посебна приказна беа коктелите кои лично ги подготвуваше Ѓорѓи"се присетува Даница Бачева.

                                           5.jpg

                                                                        Хотелот "Лагадин" денес 

 

Хотелот "Лагадин" наскоро почнал да ја губи  трката со веќе изградените хотели на тој дел од охридскиот брег.Сега тој е обновен и блесна во нов сјај.Бачева кажува дека нејзината ќерка сака да ја продолжи семејната традиција,уверена дека повторно ќе стане  елитно место за одмор.

 

                                                                                      Ohridlive

 

 

 

 

 

 

Последни измени ( петок, 29 февруари 2008 )
 
< Претходно
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive